Видео: Како полнат гориво во воздух руските ловци и бомбардери


Во Липецкиот воздухопловен центар се реализираа школски летови на ловци и бомбардери на русите Воздушно-космички сили во текот на кои авионите во воздух полнеа гориво. Ова го соопшти одделението за информирање на Министерството за одбрана на РФ, пишува Руска Реч.

Повеќе од 20 екипажи се вивнаа во небо со авиони Су-35С, Су-30СМ, Су-34 и Су-24М кои полнеа гориво во парови, како дење, така и ноќе. Во воената вежба беа вклучени и акробатските групи „Руски витези“ и „Соколи на Русија“. Авионите-ловци и бомбардери полнеа гориво на висина од пет илјади метри додека летаа со брзина од 600 километри а час, приближувајќи му се на воздушниот танкер Ил-78 на помалку од 20 метри.

Како што нагласуваат од Министерството за одбрана на РФ, полнењето гориво во текот на летот овозможува да се продолжи престојот на авионите во воздух и да се обезбеди неограничено време на летот.



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …