(ВИДЕО) Mакедонскиот филм „Воени кучиња“ сеуште го држи првото место на натпреварот „Филм конверт“


Македонски краток филм „Воени кучиња“, на режисерите Пеце Здравковски и Бојан Соклевски, повторно е дел од интернационален натпревар за краткометражни филмови, овој пат на натпреварот „Филм конверт“, и засега убедливо го држи првото место, пишува реномираниот Екран.мк.

„Гласањето трае до 18 ноември, а секој глас е добредојден за да се задржи првото место. Наградите се во повеќе категории, а најпрестижна е „пиплс чоис“, за која и се бориме. Натпреварот е отворен за цел свет и има речиси над 700 учесници“, апелира Пеце до следбениците на филмот.

„Филм конверт“ е компанија што произведува софтвер за боење на видео, а поддржана е од повеќе поголеми компании, како „Панасоник“, „Блекмеџик“, „Роуд“, „Атомос“, „Сирп“ и други.

„Воени кучиња“ се снимаше во Битола, кај Музејот на авијацијата. Сценариото и режијата се на Пеце Здравковски и на Бојан Соклевски, а филмската екипа ја сочинуваат: Ѓорги Вацев, Игор Георгиоски, Ристо Алчинов, Христо Стојаноски, Кети Талевска, Христина Тренчевска, Филип Каранфиловски, Христијан и Ангела Српчански и Симона Јосифовска. Улогите ги играат: Алек Ѓорѓиески, Димитар Даневски, Елизабета Јованоска.
„Идејата со филмот беше да прикажеме дека кога кој било човек е пред избор меѓу материјалното и чесноста, секогаш ќе го одбере она што му е од директна корист, односно материјалното“, вели режисерот Пеце Здравковски.

Линкот на кој можете да гласате е ТУКА


Видете следно

Твитер изборна комисија – ТИК објави почеток на гласањето за изборот на најдобри корисници на социјалните медиуми

Традиционално седма година по ред ќе се одржува настанот Твитер Награди во соработка со Младинскиот …