Викендов беа прогласени победниците на второто издание на креативниот маратон Rethink!


Овој викенд  се одржа второто издание на креативниот маратон Rethink кој го организира Солвео, првата агенција за иновации во Македонија, со цел да им даде можност на младите креативци да се поврзат со компаниите кои веруваат во нив и заедно да изнајдат иновативни решенија за реални бизнис проблеми.

Второто издание на Rethink предизвика 50 млади креативни умови да размислуваат иновативно, и заедно да креираат апликативни дигитални кориснички решенија за три македонски компании: Охридска Банка Societe Generale, модната групација Магнетик и Дона – производител на кондиторски производи.

Tридневниот натпревар настан се одржа во Инофеит каде, учесниците интензивно работеа со своите тимови за да креираат решение  кое ќе го подобри дигиталното корисничко искуство на компаниите кои поставија свој предизвик на Rethink, како платинум спонзори.

На крајот, тимовите ги презентираа концепт-решенијата и и покрај тоа што изборот беше тежок, беа избрани победничките решенија. Поради тоа што имаше 3 предизвици, имаше и 3 победнички решенија, по едно за секоја од платинум  компаниите на настанот.

Победничкиот тим “LEA” на предизвикот на Охридска Банка Societe Generale, преку анализа на голема база на податоци успеаа да креират функционален систем за анализа на кориснички податоци, со кој ќе може да се предвидат уникатните потреби на корисниците на банката. Исто така, врз база на тој систем, тие развија и chatbot, кој ќе го подобри дигиталното корисничко искуство на web страна и мобилната апликација на банката. За нивното генијално решение беа наградени со 500 еур како победници на тој предизвик.

Тимот кој го креираше победничкото решение за модната групација Магнетик, познати како “M1” го креираа нивното решение врз база на истражување кое вклучуваше креирање на мобилна апликација и редизајнирање на програмата за лојални потрошувачи. Со цел да соберат повеќе податоци за корисниците на апликацијата, нивното концепт решение вклучување на програма со поени кои корисниците ги добиваат преку интеракции во брендот он-лајн и оф-лајн, односно во физичките продавници. Нивното решение исто така беше наградено со 500 еур.

На предизвикот на кондиторскиот бренд Дона, тимот “Бакини Деца” креираа дигитален маркетинг план за подобрување на дигиталните интеракции со брендот Бакин Ајвар. Нивната цел беше да побудат носталгија кон детството кај потрошувачите преку користење на препознатлив бренд амбасадор и интегрирање на дигитална кампања каде потрошувачите ќе споделуваат рецепти и ќе добиваат награди. Секако, и на нив им беше доделена награда во износ од 500 еур.

Но на крајот, сите учесници научија нешто ново и се стекнаа со нови познанства и вештини, и сите се победници. Кратко сумирано во зборовите на еден од учесниците:

Rethink хакатонот е навистина незаборавно искуство. Во само 3 дена поминавме низ цел процес на креативно размислување, научивме многу работи за краток период а и исто така постигнавме многу. Запознавме многу луѓе со слични интереси со кои што ќе останеме и понатаму во контакт. Предобро организиран настан, ни беа овозможени сите услови за работа и атмосферата беше навистина интересна.

Целото тридневно искуство беше поддржано од партнерите на настанот Охридска Банка, Магнетик и Дона, и спонзорите Везилка, Кантина, Добра Кујна, Виталија, Ладна и Пивара Скопје, кои овозможија целиот настан да биде комплетен.


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …