Виталиа нутри препораки: Здрава исхрана за здраво дете


Школската возраст е совршено време за децата да научат што е тоа здрава храна, кога е време за редовен оброк и како правилната исхрана влијае на нивното тело и на активноста. Со враќањето на децата во училишните клупи, повторно се отвора и постојаната дискусија околу тоа што претставува „добрата исхрана“ за најмладите? Дали е тоа само комбинација од состојки и храни или пак таа опфаќа многу повеќе од тоа?


Како здраво да го започнете денот?

Општо позната препорака е дека на децата им е потребна разновидна храна и добро балансирана исхрана, со цел да ги задоволат нивните потреби и да осигураат здрав раст и развој на детското тело. Основа за добар ден е појадокот, кој треба истовремено да биде заситувачки и здрав, но не и обилен, за да не предизвика тегоби во организмот. Секогаш проверен и добар избор се муслите подготвени со млеко или јогурт, кои се одличен избор на растителни влакна и помагаат во дигестијата. Оваа опција може да биде и уште попрактична за родителите на малку постарите деца, со брзите мусли за носење, кои можат дури и самите да ги подготват кога и да почувствуваат глад. На овој начин детето ќе може самото да стекне навика за понесување храна на училиште, подготовка на својот оброк и се разбира, ќе ја почувствува важноста на редовноста на оброците.


А кога сме кај редовноста на оброците, навистина е важно да се потенцира колку е важно детето да има редовен распоред на исхрана, особено во формативните години. Појадок, ручек и вечера се трите основни оброци кои детето треба да ги добива секојдневно, а помеѓу секој оброк треба да има доволна пауза придружена со здрава ужина за надополнување на енергијата.

Која е идеалната ужинка за надополнување на енергијата?


Дали ќе изберете тоа да е некое свежо овошје како јаболка или банана, или пак солена закуска како пуканки, важно е таа да има намена во вашиот ден и да ви понуди екстра придобивки. Затоа, во последно време популарна опција се пробиотските колачиња со различни вкусови, чија главна функција е да ја подобрат дигестијата и да ја поттикнат работата на организмот. Ваквиот тип на ужина нуди додадена вредност и функционалност за одржување на внатрешен баланс, добра дигестија и силен имун систем кај децата.

Рецептот за мирен и спокоен сон

Вообичаено, децата од школска возраст имаат време за барем еден оброк изеден дома. Понекогаш тоа е појадокот, но многу почесто тоа е вечерата – оброкот кој би требало да го заокружи денот. И додека претходните два оброци требаше да бидат заситувачки и да го наполнат телото со енергија, вечерата обично се препорачува да биде лесна, брза и задоволувачка. Тука повикајте се на еден од омилените вкусови кај децата – путерот од кикирики. Вкусен намаз со кремаста текстура и без додаден шеќер, што им нуди на децата уште едно слатко задоволство пред да го завршат денот.

 Барем 2 или 3 часа пред заспивањето, премачкајте оризова галета со путер од кикирики, додадете кругови банана и искомбинирајте ја оваа вечера со шолја млеко или чај.

Правилната и редовна исхрана е клучен дел од развојот на децата, а посебно е важна во школските денови, кога децата трошат повеќе калории од обично. Овие неколку идеи ќе ви дадат инспирација за како да ги организирате оброците на вашето дете додека тоа полека се враќа во препознатливиот училишен ритам. Повремени отстапки се одобрени, па дури и добредојдени, но обидете се да го научите детето како да одржува добри прехранбени навики, со цел да биде здраво и подготвено за сето она што стои пред него во иднина.

И нека учебната година почне успешно!


Видете следно

РАСПИШАН КОНКУРСОТ ЗА СТРИП НАГРАДАТА „ЛИФТ“ ЗА 2022

Издавачката куќа ТЕМПЛУМ годинава, 2022, по петти пат го распишува конкурсот за македонски стрип, „Лифт“. …