Вицепремиерката Царовска денеска на средби со Сојузот на пензионерите и Занаетчиската комора


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска денеска ќе има средби со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери и на Занаетчиската комора.

Вицепремиерката Царовска, придружувана од претставници на Министерството за труд и социјална политика, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и членови на здружението „Хуманост”, ќе оствари средба со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери.

Средбата ќе се одржи во дворот на основното училиште „Киро Глигоров” во скопската населба Капиштец.

По ова, Царовска ќе има средба со извршниот директор и членови на Занаетчиската комора.

Средбата ќе се одржи во објектот на Занаетчиската комора на влезот на Старата скопска чаршија.

Скопје, 30 мај 2020 (МИА)


Видете следно

Министерот Димковски денеска ги врачи првите решенија за упис во регистар на производители на вино на дел од членовите на здружението Тиквешки семејни винарии

Денеска во Кавадарци, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во присуство на директорот …