Вицепремиерот Анѓушев: Создадовме услови економијата да биде генерирана од компаниите и да биде одржлива на долг рок


Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на економски ресори проф. д-р. Кочо Анѓушев присуствуваше на промоција на Каталогот “ТОП 100”, настан во организацаја на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, каде што беа наградени најуспешните компании и промовирани најдобрите резултати на компаниите во минатата година.

На настанот присуствуваа и претседателот на Собранието Талат Џафери, потпретседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи,  Министерската за финансии Нина Ангеловска, министерот задолжен за подобрување на регулативата за  домашни компании, Хисен Џемаили, директорката на УЈП Сања Лукаревска, амбасадори и претставници на бизнис секторот.

Во своето обраќање Вицепремиерот ја истакна улогата и важноста на успешните примери од домашните компании за развојот и растот на економијата во државата.

“Компаниите тука присутни се хероите на нашата економија, тоа се успешните компании кои денеска се и наградени. Тие се генераторот на економијата. И токму тоа како влада се обидовме и успеавме да направиме, економијата да не биде генерирана од владата или од јавниот сектор, туку од вас, тука присутните компании, бидејќи само на тој начин, економијата може да биде одржлива на долг рок. И да не правиме краткорочни проекти со долгорочни проблеми, туку долгорочни проекти коишто ќе биде само одржливи”, потенцираше Анѓушев.

Резултат што денес го добиваме од овие компании како воопшто позитивните трендови во економските показатели, според Анѓушев се должат на мерките на Владата во Законот за финансиска поддршка на компаниите. Особено е важно што со овој Закон се изедначени македонските и странските компании што придонесе компаниите во нашата држава и домашни и странски имаат исти услови и работат во исто опкружување и иста средина.

„Тој закон функционира и дава одлични резултати, особено оваа година кога потпишавме  120 договори со нови компании, а тоа се инвестиции од 230 милиони евра и тие се овде во овие компании, само во 2018 година имаат инвестирано над 110 милиони евра. Тие компании кои се поддржани со законот за финансиска поддршка, само во 2018 година вработија над 2200 луѓе, а во нивните бизнис планови бројот на нововработени ќе се искачи до вкупно 4 500 луѓе”, објасни Вицепремиерот.

Заменик на претседателот на Владата ги изнесе и бројките од економските показатели кои даваат оптимистички резултати и покажуваат нагорен тренд. Според него и покрај овие бројки кои кажуваат дека економијата оди напред и секогаш ќе има уште многу што да се реши и уште многу што треба да прави. Работата на економијата никогаш не завршува.

„Бројките во економијата се охрабрувачки, тие кажуваат дека во последниот период 2019 во споредба со 2018 година, имаме забрзан раст на бруто домашниот производ, во првата половина од годината 3,6, а во кварталите 4,1 и 3,1. Очекуваме статистиката да излези со свои анализа и да ги потврди овие бројки. Во овој период се вработија 54 000 лица, а најдобриот дел е што се вработија во индустриските и производните сектори, а не во јавна администрација, па да бидат на товар на буџетот. Извозот во првите девет месеци од 2019 година порасна за 13,2%, индустриското производство во септември 2018 спроти септември 2019 година е 6,9%, а август 2018 наспроти 2019 растот на индустриското производство е 9,8%”, потенцираше Анѓушев.

Како предизвици кои што стојат пред владата во следниот период и на што треба да се фокусира, Анѓушев ги издвои образовниот систем, кој треба да се направи да биде соодветен на потребите на економијата и тоа е требно да се направи веднаш. А како втор предизвик и на што треба да се работи е да се воспостави владеење на правото во правосудниот систем, затоа што владеењето на правото им дава сигурност во инвестициите и на домашните и на странските инвеститори.


Видете следно

После пет години се одржа Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација

Денеска во Охрид Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и …