„VIVA L’OPERA!“ вечер во НОБ по повод празникот Василица


„VIVA L’OPERA!“ е насловот на традиционалниот гала оперски концерт што вечерва и утре вечер ќе се одржи во просториите на Националната опера и балет (НОБ), по повод празникот „Василица“.

Традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2022 насловен „VIVA L’OPERA!“ ќе се одржи в среда и в четврток, 12 и 13 јануари 2022, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет.


Традицијата е востановена пред повеќе од 25 години, а оваа година публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар.

Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, светло дизајн: Нино Митевски, концерт мајстор: Климент Тодороски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.


Ќе настапат нашите оперски уметници: Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Наде Талевска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Марјан Јованоски (баритон), Александар Стефаноски (бас).

Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет.



Видете следно

Сончево и топло со температури до 35 степени

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална …