Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство за 415.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година


Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-март 2019 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4 001 194 илјади денари, што е за 415.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 48 065 илјади денари, што е за 81.4 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршување на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Германија.

Вредносните податоци за периодот јануари- март 2019/2018 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 53.6887 денари.


Видете следно

УЈП: За неколку дена истекува рокот за увид во претпополнетата ГДП за 2018 година

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31.05.2019 истекува рокот за увид во …