Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија со пораст од 16.2 % во споредба со лани


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2018 година, изнесува 297 093 666 илјади денари и бележи пораст
од 16.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – октомври 2018 година, изнесува 387 477 018 илјади денари, што е за 12.8 % повеќе во споредба со истиот период од
претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2018 година, изнесува 90 388 352 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – октомври 2018 година, изнесува 76.7 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик,
неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – октомври 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

Во периодот јануари – октомври 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

Обем на размената, 01-10 2018

Покриеност на увозот со извоз

684 570 684 илјади денари

76.7 %

11 128 633 илјади евра

76.7 %

13 225 453 илјади САД долари

76.6 %

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2018 година, изнесува 4 829 636 илјади евра и бележи пораст од 16.3 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 298 997 илјади евра, што е за 12.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2018 година,
изнесува 1 469 361 илјада евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2018 година, изнесува 5 734 882 илјади САД долари и бележи пораст од 23.0 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 490 571 илјада САД долари, што е за 19.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2018 година,
изнесува 1 755 690 илјади САД долари.


Видете следно

Се помалку се запишуваат студенти на високите стручни школи и факултетите

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република …