Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 3.7 %


Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 3.7 %. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 0.5 %, додека во приградскиот превоз е намален за 4.9 %, во меѓуградскиот превоз за 20.9 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 13.7 %.

Во однос на првото тримесечје од 2019 година, вкупниот број на превезени патници е зголемен за 2.1 %. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 1.0 %, во приградскиот превоз за 1.8 %, во меѓуградскиот превоз за 10.3 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 26.2 %.

Во второто тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е намален за 8.3 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 16.4 %, во меѓуградскиот за 31.1 %, додека во приградскиот превоз е зголемен за 18.6 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 3.2 %.

Во однос на првото тримесечје од 2019 година, вкупниот број на патничките километри е зголемен за 5.3 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 1.4 %, во приградскиот превоз за 2.6 %, во меѓународниот превоз за 17.6 %, додека во меѓуградскиот е намален за 0.2 %.

 


Видете следно

По 10.000 денари за првенците на генерација во Општина Аеродром

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска им додели пофалници и еднократна парична награда во …