Вкупното производство на шумски производи во државните шуми намалено за 23.4 %


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2018 година, во однос на првото тримесечје од 2017 година, е намалено за 23.4 %.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, друго заоблено дрво од иглолисни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, просторното дрво од листопадни видови и кај огревното дрво од листопадни видови.

Видете следно

Фестивалот на европски филм CINEDAYS чиј организатор е Младинскиот културен центар се здоби со големото признание

Фестивалот на европски филм CINEDAYS чиј организатор е Младинскиот културен центар, културна установа на Градот …