Владата денеска го Роберт Алаѓозовски за Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка


Скопје, 29 септември 2020 (МИА) – Владата денеска го разреши Роберт Алаѓозовски од должноста Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и го именуваше за Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

Како што соопштија од Владата, за Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност е именуван Роберт Поповски.

На денешната седница Владата исто така донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа.

Наместо сегашното работно време од 07:30 до 15:30 и од 08:30 до 16:30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 08:00 до 16:00 часот.бт/цр


Видете следно

Претседателот на Синдикатот на полиција во Македонија Орце Коцевски е распореден надвор од местото на живеење, со што секојдневно ќе мора да патува 110 километри до работното место

Од Синдикатот на полиција во Македонија денеска го обвинија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски …