Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало


На денешната седница Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Според оваа Одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 70 од 19.03.2020 година), во членот 1 на оваа одлука по зборовите “и дезифекциони средства ”се дополнува со зборовите “потрошен медицински материјал и медицинска опрема и апарати”.

По ставот 2 на овој член се додава нов став 3, кој гласи: “По исклучок од ставот 2 на овој член, за производите чија увозна цена е повисока од највисоката цена што се применувала на 11 март 2020 година, треба да се користи трговската маржа утврдена до 11 март 2020 година”.

Во членот 2 на оваа одлука зборовите “ќе се применуваат до 30 април 2020 година” се менуваат и гласат: “ќе важи до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија”.


Видете следно

Заев: Имаме подигната економија !

Денеска сме призната држава во целиот свет. Остварени се стратегиските цели, државата и нејзините идентитет …