Владата донесе одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за одредени стоки – потрошен медицински материјал


Владата донесе одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за одредени стоки – потрошен медицински материјал согласно Задолжението број 15 од Петтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 20 март 2020 година и Задолжението број 13 од Шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 21 март 2020 година, а во врска со ослободување на царинските давачки за сите медицински помагала и потрошниот медицински материјал кој се увезува во Република Северна Македонија.

Одлуката има за цел да се надминат евентуалните негативни последици, т.е. нарушувања на пазарот во земјата, во однос на снабденоста со овие стоки, како резултат на прогласената пандемија на Коронавирусот COVID-19 од страна на Светската здравствена организација и преземените рестриктивни мерки од страна на одделни земји во вид на ограничување на извозот на овие производи.


Видете следно

Заев: Имаме подигната економија !

Денеска сме призната држава во целиот свет. Остварени се стратегиските цели, државата и нејзините идентитет …