Владата ги заокружи реформите од Планот 3-6-9 и ги забрзаа интеграциските процеси за Република Македонија во ЕУ и НАТО


Реформите од Планот 3-6-9 се заокружени во предвидениот рок и ги забрзаа интеграциските процеси за Република Македонија во ЕУ и НАТО, информираат од Владата.

„Планот 3-6-9 беше проект за враќање на брзата трака на евро-атлантските процеси, за рехабилитација на функциите на институциите после политичката криза и за иницирање и спроведување реформи во клучните области што произлегоа од извештаите на високата експертска група на Рајнхард Прибе и од заклучоците на преговорите во Пржино.

На истекот на деветтиот месец Владата ги заокружува реформите од Планот 3-6-9. Најголем дел од активностите за кои беше надлежна Владата се исполнети.

Останува само уште да заврши собраниската постапка на последните предлози за измени и дополнувања на неколку законски решенија која се очекува да се заокружи до средината на претстојниот месец,“ соопшти Владата на РМ.

Клучните реформски приоритети се однесуваа на обезбедувањето услови за функционален демократски парламент;

на реформите во правосудството; на реформите во медиумите;

на борба против организираниот криминал и корупцијата;

на реформите во јавната администрација;

на реформите во безбедносните служби;

на промените за обезбедување фер и демократски избори според препораките на ОБСЕ/ОДИХР и сите други релевантни меѓународни организации, како и на кохабитацијата со претседателот на државата.

Од Владата велат дека резултатите ќе се сумираат по усвојувањето на последните предложени законски решенија , за што дополнително јавноста ќе биде информирана.


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …