Владата го дополни предлогот за ребалансот на Буџетот за 2021 година


По завршената амандманска расправа во комисиите на Собранието, Владата го дополни предлогот за ребалансот на Буџетот за 2021 година. Дополнетиот ребаланс ќе биде вратен во Собранието за да биде усвоен на пленарна седница.

-Приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата, преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање на нови работни места преку активните мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија. Ова подразбира дека поддршката ќе се реализира преку креирање развојни фондови и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија, наведува Владата по вчерашната седница.


Додава и дека останува определбата за поддршка на економијата со инвестиции на инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку зголемено учество на капиталните расходи, како и зајакнување на процесот на планирање, извршување и известување за јавните финансии. мч/лв/

Скопје, 19 јули 2021 (МИА)


Видете следно

Укината Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките

Советот на Народната банка денес одржа седница на којашто ги разгледа најновите показатели и оцени …