Breaking News

Владата го задолжи Инспекцискиот совет итно да го реши статусот на општинските даночни инспектори


Владата на денешната седница го задолжи Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија итно да преземе мерки за решавање на статусот на општинските даночни инспектори преку издавање лиценци за работа, согласно Законот за инспекциски надзор, со што ќе се реши долгогодишниот проблем кој датира од 2019 година.


Со ова, Владата, како што информира, им овозможува на единиците на локална самоуправа преку општинските даночни инспектори, непречено да ги извршуваат своите работни задачи согласно законите и со тоа се подобрува инспекцискиот надзор врз даночните обврзници во единиците на локална самоуправа.


-На овој начин се придонесува кон зголемување на буџетот на општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје.

Со ова Владата дава поддршка за унапредување на самостојноста во функционирањето на општините, во интерес на подобар живот на граѓаните, соопшти владината прес-служба. мч/лв/фото: МИА архива .


Извор: МИА