Владата ја прифати предлог-програмата за инвестирање во животната средина за 2019-та година


На вчерашната седница на Владата, се прифати Предлог-програмата за инвестирање во животната средина за 2019-та година. Покрај програмата за инвестиции од 130,8 милијарди денари, за оваа програма обезбедени се 98 милиони денари.

Дел ќе се наменат за поддршка на мерки и активности за намалување на загадување на воздухот со спроведување на постапка за јавна набавка. Останатиот дел од средствата ќе се доделуваат врз основа на Јавен конкурс којшто го објавува и спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно Законот за животната средина, со склучување на договори за доделување на средства.


Видете следно

Поради високата загаденост во Скопје, Шилегов апелира рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено

По добиеното соопштение од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на ПРАГОТ …