Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со донесување на Национална Стратегија за мали и средни претпријатија (МСП) 2018-2023


Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со донесување на Национална Стратегија за мали и средни претпријатија (МСП) 2018-2023, со Предлог-стратегија и акциски план. Стратегијата за МСП дефинира рамка за соработка меѓу чинителите од јавниот и приватниот сектор и граѓанското општество со цел поддршка на развојот на МСП и иновативноста во насока на зголемување на нивната конкурентност.

Целите на стратегијата се да се создаде поволно деловно окружување во коешто се поттикнуваат претприемништвото и инвестициите, да им се помогне на МСП да станат високо продуктивни и конкурентни учесници на европскиот и другите меѓународни пазари, и да се поттикне економската конкурентност на Македонија преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП.

Стратегијата за МСП е изготвена во согласност и со Актот за мали претпријатија (АМП) на Европската унија.


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …