Владата ја усвои Информацијата за Програмата на економски реформи 2021-2023 година


Скопје, 29 септември 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за Програмата на економски реформи 2021-2023 година со Акциски план за реализација на препораките усвоени на Економско – финансискиот дијалог од 19 мај 2020 година, информираат од прес службата на Владата на РСМ.

Воедно, со ова одлука Владата ги задолжени сите надлежни министерства и институциите одговорни за спроведување на програмата за економски реформи, да достават предлози на активности и рокови за нивна реализација преку кои ќе се исполнат заедничките заклучоци наведени во Акцискиот план за реализација на препораките усвоени на Економско – финансискиот дијалог од 19 мај 2020 година. оџ/цр


Видете следно

Дури и најсилната европска економија не е отпорна на короната

Кризата предизвикана од короната се заканува на опстанок на 15% од германските компании, покажуваат резултатите …