Владата ќе ги одржи 111. и 112. седница


Владата денеска ќе ги одржи 111-та и 112-та седница. На 111-тата седница ќе бидат разгледани повеќе информации за склучување договори за доделување финансиска поддршка на компании согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а подготвени и предложени од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

На 112-та седница е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за услуги, за кој како предлагач се јавува Министерството за економија.


На оваа седница ќе биде разгледана и информацијата за текот на преговори за пристапување кон Спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки.

За заклучоците и одлуките од денешните седници, Владата ќе испрати соопштение. мд/дма/


Скопје, 13 октомври 2021 (МИА)


Видете следно

Одбележан Европскиот ден за борба против трговија со луѓе и јубилејот 20 години од основањето на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција

Националната координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и државна секретарка на …