Владата ќе ја одржи 68-мата седница


Владата денеска преку видеоконференциска интернет врска ќе ја одржи редовната 68-ма седница на која ќе биде разгледуван записникот од триесет и петтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 3 мај 2021 година.

Според дневниот ред, информираат од владината прес-служба, на денешната седница пред министрите ќе се најде Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за водостопанство за 2021 година.


На редовната седница, Владата ќе ги разгледува и Информацијата за кредитните барања кои ги исполнуваат условите за кредитирање по Јавниот повик бр. 1 за кредити од кредитната линија за поддршка на микро и мали претпријатија со можност за грант компонента (Ковид 3 кредитна линија), како и Информацијата за извршените и планираните активности во однос на претседавањето на Република Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година, предложена од Министерството за надворешни работи. вј/дма/

Скопје, 4 мај 2021 (МИА) 


Видете следно

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата – координативен состанок за превенција

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата, денеска, (11.05.2021), под …