Владата ќе потроши 2.872.255 евра за купување и адаптација на деловен простор во седиштето на НАТО


Владата на Република Северна Македонија на вчерашната редовна 163-та седница ја отвори расправата за Предлог-буџетот за 2020 година. Министрите во Владата ги презентираа програмите кои треба да се финансираат од буџетот за наредната година и донесоа одлука Предлог-буџетот за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година да бидат утврдени на наредна седница на Владата која треба да се одржи идната недела.

На вчерашната седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за купување и адаптација на деловен простор во седиштето на НАТО во Брисел за потребите на Мисијата на Република Северна Македонија при НАТО со Предлог-одлука за купување со непосредна спогодба на недвижни ствари.

Висината на финансиските средства за оваа намена, за купувањето на 996,37 м2 (878,10 м2 нето) на административните простории, за паркингот и за реализација на градежните работи на адаптација, изнесува 2.872.255 евра.


Видете следно

После пет години се одржа Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација

Денеска во Охрид Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и …