Владата ќе субвенционира домашни и странски авиопревозници


На синоќешната седница, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со одговорот на Министерството за транспорт и врски до Европската Комисија за шемата на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници кои го користат аеродромот во Скопје.

Во однос на постапката за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници, Комисијата за заштита на конкуренцијата се произнесе дека во овој случај Министерството за транспорт и врски се однесува како инвеститор во пазарна економија, и дека финансиската поддршка на домашните и странските авиопревозници е целосно усогласено со соодветното европско законодавство. Во одговорот до ЕК се наведува дека на долг рок ова субвенционирање генерира позитивен ефект и придонесува за остварувње на поволен финансиски резултат и зголемување на БДП на земјата.


Видете следно

Социјалната економија е важен двигател на светската економија

Кон каде се движи светската економија, и кои се придобивките од развојот на социјалната економија?, …