Владата на Бразил ја започна акцијата „Зелен Бразил 2″ за заштита на шумите


Владата на Бразил ја започна акцијата „Зелен Бразил 2″, чија цел е борба против уништување на шумите и спречување пожари во Амазонија.

Теренските операции започнаа на 11 мај, а во оваа фаза од операцијата, се очекува вооружените сили да распоредат 3.815 војници, 110 возила, 20 бродови и 12 авиони, сето тоа ќе биде под команда на три Заеднички командни центри.

Според извештајот, првите резултати од акцијата биле запленување на 23 багери, еден камион, еден пикап од марката Хилукс, седум линии за раздвојување, пет бродови, 11 моторни пили, оружје, муниција и 206 килограми паста, од кои со обработка се добива кокаин.

Операцијата под покровителство на кампањата „Гаранција на закон и ред” (ГЛО) ќе трае, како што е предвидено, до 10 јуни, но веројатно ќе биде продолжена доколку е потребно.

Бразилија, 20 мај 2020 (МИА) –


Видете следно

Трамп издаде наредби за забрана на трансакции со кинеските сопственици на „TikTok” и на „WeChat”

Вашингтон, 7 август 2020 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп издаде извршни наредби со кои …