Владата усвои законски измени за намалување на последиците предизвикани од пандемијата во земјоделството


Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка врз производството и откупот на земјоделски производи.

Како што информираат од Владата, нa предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со ова законско решение се уредуваат условите, корисниците, висината како и постапката за доделување на финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството, откупот на јаболко и ориз предизвикани од пандемијата.


-Финансиската поддршка за намалување на последиците врз производството и откупот на јаболко и ориз се состои од поддршка по килограм за произведено јаболко кое во периодот од 15 септември 2021 година до 15 декември 2021 година е предадено кај регистриран откупувач или преработувач на земјоделски производи за преработка или за извоз најмалку преку еден откупувач, во висина од 3 денари по килограм, како и поддршка по килограм за производство на оризова арпа од род 2020/2021 година која во периодот од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач запишан во Регистарот на откупувачи или преработена во сопствениот преработувачки капацитет, во висина од три денари по килограм, се вели во соопштението од Владата.

На оваа своја седница утврден е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од пандемијата врз производството, откупот на грозје и винската индустрија со дополнување со нови корисници на финансиската поддршка.
Со ова се овозможува Поддршка по килограм за произведено винско грозје кое во периодот од 15 август 2021 година до 31 октомври 2021 година е предадено кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје во висина од три денари по килограм, како и поддршка по килограм произведено винско грозје кое во периодот од 15 август 2021 година до 31 октомври 2021 година е преработено во сопствени капацитети за производство на вино во висина од три денари по килограм. сст/дма/


Скопје, 30 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

Повторно високи бројки: Направени се 6.353 тестови, а еве колку нови случаи се регистрирани со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира, дека во последните 24 …