Влечење на добивки на јенот по наглиот пад минатата недела


Доларот падна против јенот, но останува во близина на две и пол годишниот врв, постигнат во петокот. Инвеститорите претпоставуваат дека оваа година ќе има повеќе монетарни стимули од Јапонија и помалку од Федералните резерви во САД.

Иако е сосема нормално доларот да ја има во предвид брзината на растот во последниот месец, неговиот растечки тренд изгледа останува непроменет и по се изгледа дека наскоро ќе достигне 90 јени. Во следните 6 месеци се претпоставува да биде 95 јени.

Сето ова доведе до нагла промена на понудата и побарувачката во долар / јен. Двојката во моментов прави пауза по зголемувањето со 2.7% од минатата недела, што е најголем неделен раст во последната година.

Во целосен контраст на тоа инвеститорите очекуваат дека новата влада во Јапонија, предводена од премиерот Шинзо Абе, ќе преземе мерки кои ќе го ослабат јенот и ќе воведат агресивни монетарни стимули, кои ќе вршат притисок врз Јапонската централна банка.


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …