ВМРО-ДПМНЕ: Безбедност на државата не е престрелки по хотели и улици среде Скопје


Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ излегоа со реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски. Соопштението во ги пренесуваме во целост:

„Безбедност на државата не е престрелки по хотели и улици среде Скопје.

Безбедност на државата не е бегство на убиецот на Мартин Нешковски.

Безбедност на државата не се набавки на вода сокриено под превезот на член 7 како државна тајна.

Безбедност на државата не е давање лиценци на партиски соработници, ниту менување на записници за насилство извршено од градоначалници на СДСМ.

Тоа не е безбедност, туку злоупотреба на полицијата и заштита на криминалот и корупцијата.

Се ближи крајот на криминалот на СДСМ.

Три години Оливер Спасовски преку политички наредби се пресметува со сите оние кои не сакаат да го поддржат во криминалот, а за таквите спорови МВР исплаќа огромни штети.

Се поочигледен е стравот на Спасовски и Заев од законските смени во МВР.

Спасовски и Заев си ја назначија Славјанка Петровска за заменик во МВР чија единствена задача ќе биде да ги штити криминогените ликови и да ја спречи професионализацијата на МВР.

Јасно е дека со ликови како Примислав Димовски и Лазе Евридики во полицијата ќе гледаме престрелки по хотели и улици или ќе имаме фалсификувани пријави како во случајот со насилството на Курто Дудуш.

Заев и Спасовски треба да се знаат доаѓа нивниот крај, а потоа следува професионализација и вистинска борба со криминалот.

По парламентарните избори на 12-ти април, со победата на ВМРО-ДПМНЕ започнува вистинската реформа во МВР, а секој ќе одговара за незаконското постапување“.


Видете следно

Биткоинот падна на десетдневниот минимум, повлече и други крипто валути

 – Биткоинот денеска падна на најниско ниво во последните 10 дена, поради распродажбата што се прошири …