ВМРО-ДПМНЕ: Богдановиќ сака да ги направи жителите на Центар при очи слепи


Градоначалникот Саша Богдановиќ сака да ги направи жителите на Центар при очи слепи.

Единствениот кој се служи со лаги и манипулации е токму Саша Богдановиќ.

Улицата Капиштец за која тој тврди дека е целосно реконструирана ни оддалеку не е завршена. Како потврда е видеото каде за време на изјавата на советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Васко Робовалиев на улицата интезивно се работеше.

Жално и срамно е Саша Богдановиќ да се фали со реконструкции на улици кои тој не ги направил.

Време е Богдановиќ да излезе од својот кабинет и конечно да се соочи со фактичката ситуација дека општината се соочува со невиден хаос.

Богдановиќ не само што не го подобрува квалитетот на живот на граѓаните туку тој тоа не го прави ниту редовно ниту навремено. Уличната инфраструктура во општина Центар е во очајна состојба и тоа токму на благодарението на СДСМ кој веќе 5 години ја има под свое владение општината.

Саша Богдановиќ се деградира самиот себеси со неисполнетите ветувања што ги даде за време на изборната кампања и за лагите кои им ги кажа на центарци.

Видете следно

ГРАД СКОПЈЕ ПОСТАВИ ДИГИТАЛНИ МЕРАЧИ НА БРЗИНА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

За да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди …