ВМРО-ДПМНЕ и даде подршка: Силјановска нов кандидат за претседател на државата


ВМРО-ДПМНЕ вчера го избра својот кандидат за претседател на државата. Вчерашната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ започна со едноминутен молк во знак на загинатите во тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово. Наспроти другите осум кандидати на опозициската партија, Гордана Силјановска-Давкова доби мнозинство (408) од 519 делегати кои гласаа на конвенцијата во Струга. Втор беше Влатко Ѓорчев со освоени 80 гласа. Силјановска е прва жена која ВМРО-ДМПНЕ ја предлага за претседателски кандидат. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но и членовите на паријата кои беа на конгресот сметаат дека Силјановска е вистинскиот кандидат со кој на изборите ќе го победат СДСМ.

Јасно ми е дека не може да се оди на избори, а камо ли да се победи ако зад вас не стои силна партија, но ако некој добил таква поддршка има обврска да се држи до она најважното – само владеењето на правото не води кон ЕУ, изјави универзитетската професорка Гордана Силјановска – Давкова во говорот пред дегелатите

По точно две седмици, на 3 март, својот кандидат на конгрес ќе го избира и СДСМ. Прв и засега единствен кој поднесе кандидатура за претседател од СДСМ е поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов. Партискиот оглас трае до 19 февруари.

-Граѓаните бараат резултати во економијата, реформите и интеграциите. Државотворна партија на која на прво место ѝ се интересите на граѓаните и државата, не мисли на предвремени парламентарни избори, дури и кога рејтингот и поддршката кај граѓаните е многу повисока од онаа на опозицијата, соопшти СДСМ по седницата на Извршниот одбор.


Видете следно

Од денес нови цени на горивата по бензиските пумпи

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во …