ВМРО-ДПМНЕ: Македонија прво ќе ја победи короната, а потоа ќе ги победи Заев и Филипче


Власта исклучително лошо ја менаџира епидемијата со корона вирусот. Венко Филипче наместо со здравјето на граѓаните се занимава со диктатите на Зоран Заев, на кој му се брза да го ублажи претстојниот пораз.

Наместо епидемијата да спласнува, како во повеќето земји од регионот, таа во Македонија се шири. Евидентирани се 17 новозаболени и двајца починати за 24 часа.


Дополнително, евидентен е хаосот, па така починати лица од корона вирус се кријат, па под притисок на јавноста се објавуваат после ден или два.

Граѓаните кои се тестираат од корона вирус чекаат со денови за резултати, а често се случува нивните резултати да се изгубат, па повторно да се тестираат.

Македонија поради неспособноста на власта и партиските калкулации на Заев и Филипче е земја која најмалку тестира граѓани во регионот, а е рекордер по смртност на милион жители, повеќе од Албанија, Бугарија и Грција заедно.

Конфузијата на власта се плаќа со човечки животи. Колкава е конфузијата говори и фактот што заради лошите показатели од епидемиолошките анализи се бара продолжување на вонредната состојба, а од друга страна се инсистира на брзи избори на кој во матно би се намалил поразот по цена на здравјето.

Животот на граѓаните е поважен од политичката кариера на Заев и на Филипче. Прво Македонија ќе ја победи короната, а потоа ќе ги победи на избори Заев и Филипче.


Видете следно

МТСП: Законот за стечајци стапи на сила, стечајците што ги исполнуваат условите во рок од 30 дена да се пријават во Агенцијата за вработување

Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на …