ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија има над 500.000 граѓани кои живеат под прагот на егзистенцијата


ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владеачката гарнитура дека економијата во Македонија секој ден тоне се повеќе. Економијата откако СДСМ е на власт не блеска.

„Лагите на Зоран Заев не го полнат буџетот на државата.

Со лагите на Зоран Заев не може да се сокрие фактот дека во Македонија има над 500.000 граѓани кои живеат под прагот на егзистенцијата.

Со лагите на Заев буџетот на државата не се полни. Само во последните 5 месеци направија дупка од 3 милијарди денари од несобрани даноци.

Задолжувањето секој ден се повеќе расте, a реализацијата на капиталните инвестиции за првите четири месеци од оваа година е под 10 проценти.

На ова економско цунами мора да му се стави крај. Времето на ова влада забрзано истекува, доаѓа времето на реални проекти, економски прогрес и нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.


Видете следно

Од денес нови цени на горивата по бензиските пумпи

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во …