Во 2018 година, музеите организирале 117 сопствени изложби


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на посетителите на музеите во 2018 година изнесува 427 493.

Од вкупно 26 музеи, според основачот, 18 се јавни (национални) музеи, 8 се јавни (локални) музеи, додека според предметот на работа 15 се општи и 11 се специјализирани музеи.

Во 2018 година, музеите организирале 117 сопствени изложби, од кои 39 изложби биле организирани од општите музеи и 78 од специјализираните музеи .

Музеите располагале со 170 440 инвентарирани предмети, од кои биле изложени 26 615 во музеите во 2018 година.

Збирките располагале со 167 827 инвентарирани предмети, од кои биле изложени 26 282.

Податоците презентирани во ова соопштение се добиени од пополнетите прашалници за 2018 година што ги доставија 26 музеи и од 40 музејски збирки.


Видете следно

Најголемо зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е во секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, …