Во 2019 година 40,1 отсто од вкупните потреби за енергија обезбедени од домашни извори


Скопје, 20 октомври 2020 (МИА) – Во текот на минатата 2019 година 40,1 отсто од вкупните потреби на енергија во земјава се покриени од домашно производство.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното бруто-примарно производство на енергија во 2019 година изнесува 1.128.759 toe (еквивалент на енергија на тон од нафта) или 40,1 отсто од вкупно потребната енергија која изнесувала 2.814.316 toe.

Лани најголеми потрошувачи на енергија биле сообраќајот со 39,3 отсто, домаќинствата со 23,8 и индустријата со 22,4 отсто од расположливата финална потрошувачка. вј/скс/


Видете следно

Милиони корисници со проблеми при пристапувањето кон мрежите Фејсбук и Инстаграм

Фејсбук и Инстаграм не работеа синоќа, а утрово, корисници во дел од светот соопштија дека …