Breaking News

Во 2022 година се забележува значителен интерес за бањскиот туризам во Бугарија, соопшти Министерството за туризам


Во 2022 година се забележува значителен интерес за бањскиот туризам во Бугарија. Според сумираните податоци од Единствениот туристички информативен систем (УСТИ), повеќе од 13 проценти од туристичките регистрации во Бугарија биле во општините Велинград, Хисарија, Сандански, Разлог, Павел Бања, Сапарева Бања, Гармен, Девин, Ќустендил, Варшец, Минерални бањи, Стрелча, Костенец, Долна Бања, Бањите.


Вистинскиот удел на бањскиот туризам е многу поголем, бидејќи бањите се нудат и во главните морски и планински одморалишта, како и во многу други дестинации во внатрешноста на земјата, каде што може да се практикуваат и успешно да се комбинираат различни форми на туризам, наведе Министерството за туризам на својата веб-страница.


Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Во повеќето од наведените општини уделот на бугарски туристи надминува 90 проценти. Вкупниот број на странски туристи за наведените општини е над 70.000. Меѓу гостите од странство најмногу се од Северна Македонија, Израел, Романија, Грција, Германија, Велика Британија, Србија итн.


Интерес за бањски туризам има од сите возрасни групи. Помладите туристи најчесто го поврзуваат со рекреација и релаксација, а постарите туристи често патуваат за да си го подобрат здравјето. Според збирните податоци од 15-те општини, најголем процент на туристите е оној меѓу 45 и 59 години и изнесува околу 32 отсто.

Софија, 22 февруари 2023 (БТА) –