Breaking News

epa01401075 Several electric workers work on a power transmission tower near a residential building in downtown Wuhan city,capital of Hubei province,central China.01 July 2008.The supply of coal used in power generation will continue to face a shortage, said an official with the China Electricity Council.The National Development and Reform Commission (NDRC) in July said electricity charges for commercial units would increase by 0.025 yuan(0.0023 euro) per kWh from July 1. EPA/NANFEI

Во Австрија од денеска струјата е поевтина за потрошувачка до 2.900 киловат часови


Во Австрија од денеска стапија во сила субвенционираните цени на струјата што Владата ги донесе со цел да ги растерети граѓаните, па сите домаќинства сега ќе плаќаат по 10 центи за киловат час за потрошувачка до 2.900 киловат часови.

Имено, Владата утврдила дека просечната потрошувачка на едно домаќинство во Австрија е 2.900 киловат часови и за тоа количество енергија се применува субвенционирана цена, додека сè што ќе ја надмине таа сума ќе се наплаќа по моменталната пазарна цена.


На сите домаќинства, без да поднесат барања, струјата ќе им се наплаќа по таа цена.

Државата ќе субвенционира до 30 центи за киловатчас, за граѓаните да добијат цена до максимум 10 центи, бидејќи сите оператори ги покачија цените во изминатиот период.


Од друга страна, Владата не предвидела слични мерки кога станува збор за цената на гасот, а четвртина од Австријците го користат тој енергенс за греење.