Фото: Википедија

Во Берово Инфо ден по распишаниот повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации


Општина Берово организира инфо ден по распишаниот повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 година. Настанот, како што информираше Билјана Каламадевска од ЕЛС Берово, е со цел заинтересираните да добијат подетални информации за начинот на аплицирање по јавниот повик кој е отворен до 15 март годинава.

– Инфо-денот ќе се одржи на 04.03.2021 година во просториите на Општина Берово во 15 часот. Сите здруженија на граѓани и фондации кои се заинтересирани за аплицираат на распишаниот јавен повик за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации за 2021 година, можат да присуствуваат на настанот кој го организира Општина Берово. За таа цел Комисијата за финансирање, буџет и ЛЕР при Советот на Општина Берово. ќе излезе со подетални информации за начинот на аплицирање и потребната документација, која апликантите треба да ја достават во склоп на апликацијата, истакна Каламадевска.

Додаде дека годинава на располагање за оваа намена од општинскиот буџет се предвидени 500 илјади денари.

– На инфо денот ќе бидат споделени информации за тоа што треба да содржат проектите кои претендираат за средствата кои ќе бидат доделени на проекти кои ќе бидат поддржани, согласно критериумите кои треба да ги исполнат здруженијата, заедно со потребната документација, додаде Каламадевска.

По одржувањето на овој Инфо-ден, како што додадоа од Општината, здруженијата и фондациите учесници на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од 10 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од општинскиот буџет за 2021 година наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации и листата на грантираните проекти. в.с/цр

Берово, 3 март 2021 (МИА)


Видете следно

Пролетни средби на ММФ и Светската банка: Одлуките и мерките на Народната банка придонесоа за јакнење на стабилноста на банкарскиот систем и за кредитирањето

Одлуките и мерките на Народната банка донесени од почнувањето на корона-кризата наваму се позитивно оценети …