Breaking News

Во Берово заврши постапката за формирање на советите во сите месни заедници


Во Берово заврши постапката за формирање на советите во сите месни заедници на територијата на оваа општина. Последниот избор на членови на советите како што информираа од Општината синоќа се одржа во село Ратево.

-Благодарност до сите жители на с. Ратево, кои ја наполнија салата и активно учествуваа во постапката, која беше спроведена од страна на Комисијата за спроведување на постапка за избор на членови на Советите на месните заедници формирана со решение, истакнаа од Општината.


Советите на месните заедници како што додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски ќе има за задача да го слушаат гласот на граѓаните, да ги пренесуваат нивните потреби во заедницата со цел заеднички да се креираат приоритети излегувајки им во пресрет на сите граѓани.

-Овие Совети кои добија и свои претседатели се многу важни за истакнување на приоритетите на секоја заедница, со цел да бидат партиципативно тело во донесувањето на одлуките на локално ниво, рече Пекевски.


Освен во село Ратево, претходно постапка за избор на членови на Советите на месните заедници беше спроведена и во селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, Владимирово, Смијмирово и Двориште. вс/