Breaking News

Во Битола се одржа тркалезна маса „Поврзаност на образованието, културата и уметноста“


Јавната општинска установа Културно информатицен центар-Битола одржа тркалезна маса со претставници на битолските училишта на тема „Поврзаност на образованието, културата и уметноста“ – Воспоставување на соработка во културните дејности со основните и средните училишта во Општина Битола.


Пред присутните директори на основните и средни училишта од Битола, директорката на ЈОУ КИЦ Битола, Лили Бошевска ја презентираше иницијативата, која вклучува тесна соработка на полето на културата и образованието, поддршка на културни иницијативи, копродукција, учество во манифестации, како и програми кои ќе значат градење правилен однос кон уметностите и создавање идна публика и професионалци.


–Иницијативата доби општа поддршка од присутните и затоа потпишавме меморандум за соработка. На овој начин КИЦ Битола ја доближува културата кон младите, покажувајќи активен однос кон нивните поненцијали и потреби, истакна директорката Бошевска.

Иницијативата е поддржана од Општина Битола и е во рамки на годишната програма за работа. мт/


Битола, 25 јануари 2023 (МИА)