Breaking News

Во битолското ООУ „Ѓорги Сугарев“ почна реализација на проект „Хигиена“


Шведската невладина хуманитарна организација „Hand Till Hand“ („Рака до рака“) во Битола почна со реализација на проектот „Хигиена“ наменет за ученици од основното училиште „Ѓорги Сугарев“.


Целта на проектот е низ креативен и забавен начин, учениците да се стекнат со здрави хигиенски навики и подготвени да влезат во периодот на пубертетот, соопштија од ООУ „Ѓорги Сугарев“ каде се реализира проектот.


За сите ученици обезбедени се нагледни средства, материјали за работа, како и средства за лична хигиена.

Проектот „Хигиена“ е поддржан од Општина Битола. мт/цр


Битола, 25 јануари 2023 (МИА)