Во Бразил над 3,3 милиони заразени и повеќе од 107 илјади починати од Ковид-19


Бразилија, 16 август 2020 (МИА) – Во Бразил се потврдени уште 41.576 случаи на коронавирус, а 709 лица починале како резултат на таа инфекција, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Вкупниот број на заразени со вирусот во Бразил е 3.317.096, а 107.232 луѓе починале од почетокот на пандемијата.

Бразил се најде на второто место во светот по бројот на заразени и починати од Ковид-19, веднаш зад САД.


Видете следно

Канабисот „поддржан” од Претставничкиот дом во САД, се чека Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон со кој првпат се дозволува употреба на канабисот. …