Во Бразил над шест милиони случаи на коронавирус и речиси 170.000 починати


Бразилија, 24 ноември 2020 (МИА) – Во Бразил се регистрирани 16.207 нови случаи на коронавирус, додека 302 лица починаа истиот ден, соопшти Министерството за здравство на оваа јужноамериканска држава.

Бразил сега има регистрирано 6.087.608 случаи на Ковид-19, починале 169.485 лица.

По САД и Индија, Бразил е трета земја во светот која е најтешко погодена од пандемијата. паг/


Видете следно

Бајден побара проценка за заканата од насилен екстремизам во САД

Претседателот на САД, Џо Бајден, побара од безбедносните и разузнавачките служби да ја испитаат заканата …