Во декември 58 отсто од потрошената струја од домашно производство


 Земјава лани во декември вкупно потрошила 859.827 мегават часови електрична енергија, 46,263 милиони нормални кубни метри природен гас, 468.414 тони јаглен и 92.211 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 58 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 97,2 отсто од потрошениот јаглен е употребен за производство на струја. вј/скс/

Скопје, 25 февруари 2021 (МИА) 


Видете следно

За еден ист стан во Скопје капар плаќаат тројца купувачи, пријавен агент за недвижности

По неколку години, повторно манипулација со продавање на станови. За еден ист стан во Скопје, …