Breaking News

Во Делчево одржана првата обука од проектот за производство на био-храна


Во Делчево се одржа првата обука во рамки на проектот „Произведи храна во склад со природата” кој го спроведува здружението на производители на органски производи „Аронија”.
Обука био-храна Делчево


Во рамки на онлајн обуката учествуваа ученици од Средното општинско училиште од Делчево и фармери од Пијанечко-малешевскиот регион, кои се запознаа со влијанието на климатските промени врз животната средина и нивното влијание врз производството на храна.


-Предвидени се вкупно пет вакви онлајн едукативни работилници за примена на перма култура, по што фармерите учесниците и официјално стануваат членови на првата онлајн градинарска заедница, истакна Фисанчо Христов, координатор на проектот и претседател на делчевското здружение.
Обука био-храна Делчево
Предавач на денешната обуката е Билјана Бановиќ која на присутните им го пренесе своето 15 годишно искуство во производство на био-храна според методите на перма-култура. Потенцираше дека многу е важно што побрзо да се сфати пораката дека човекот како дел од природата има важна улога во производството на био-храна, заради што е потребна поголема вклученост во овој процес.
Обука био-храна Делчево
Проектот „Произведувај храна во склад со природата и допринесувај за справување со климатските промени” е поддржан од „Еко свест” од Скопје и е подгрант од проектот „Граѓанските организации заедно за климатски промени” поддржан од Амбасадата на Шведска во Република Северна Македонија. вс/свс/

Фото: МИА