Breaking News

Во Делчево втора работилница од проектот „Да се реализира ветеното – Буџетски мониторинг и Отворени финансии“


„Како се спроведува буџетски мониторинг и како се користи алатката отворени финансии“ беше темата на денешната работилница, втора по ред што се одржува во рамки на проектот „Да се реализира ветеното – Буџетски мониторинг и Отворени финансии“.


Актовноста се реализира во насока на поддршка на изборните реформи во земјава. Проектот е на Владата на Швајцарија, а го спроведува Меѓународна фондација за изборни системи (ИФЕС). Грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка.


-Претходно, со учество на 19 претставници од 14 граѓански организации од Делчево се одржа обука на тема „Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Следната тема што ќе ја разгледуваат учесниците е „Отворени финансии”, информираа од невладината организација „КХАМ” која го имплементира проектот.

Со вештините стекнати на обуката, како што додадоа организатприте, се зајакнува капацитетот на организациите за користење на оваа алатка која може да им обезбеди повеќе информации важни за нивното работење. вс/мч/