Во Гевгелија за една недела 64 новозаболени од КОВИД-19


Гевгелија не е меѓу градовите со највисока инциденца во земјава, но сепак, во последно време, бележи благо зголемување така што за една недела се регистрирани 64 новозаболени од КОВИД-19 или има инциденца од 285,3 инфицирани на 100.000 жители, рече епидемиологот Сашко Олумчев, раководител на ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија.

Вкупната бројка на заболени во Општина Гевгелија изнесува 2.745 од кои 164 се водат како активни случаи, 2.459 оздравеле, а 86 завршиле со смртен исход.


-Од вкупниот број новозаболени пациенти во општината 20 отсто се млади лица поради што уште еднаш порачувам и апелирам да се почитуваат мерките за заштита, за кои сметам дека треба да бидат поригорозни, и истовремено ги повикувам невакцинираните сограѓани да се одважат и да се вакцинираат оти само така ќе се зголеми имунизацијата на населението, рече д-р Олумчев.

Посочи дека во овој дел од државата, како и насекаде, интересот за имунизација исто така е опаднат и дека моменто опфатот на вакцинирани лица над 12-годишна возраст, со две дози, изнесува 58 отсто. им/дма/


Гевгелија, 26 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

Утринските температури во цела држава под нула

Во целата држава утринава температурите се под нула. Најстудено е во Берово каде се измерени …