Во Гостивар предложени се казнени налози за четворица


Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе Предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за што јавен обвинител на судот му предложи за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.

Обвинетите​ во одвоени кривично правни настани постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови се движеле пешки или со возила низ градот.​


Видете следно

Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава

Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по градови: Скопје – 4, Куманово …