Во Грција вчера 407 нови случаи со коронавирус, Бугарија 436, Словенија 356, а кај нас 317!


Според најновите податоци согласно вчерашниот ден, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 36.166.237 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.056.504 пациенти, а оздравеле 27.223.993 луѓе.

Софија – Рекорден број нови случаи на коронавирус – 436 се регистрирани во Бугарија во последните 24 часа, а уште осум починаа, според официјалните податоци.
Од почетокот на пандемијата, заразени се 22.306 лица, а починале 862 лица.
Бројот на случаи на коронавирус започна да расте кон крајот на септември.

Приштина – Тројца починати, 49 заразени и 92 излекувани од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа во Косово. Според официјалните статистики на здравствените власти во Приштина, од почетокот на пандемијата во земјата се евидентирани 638 смртни случаи, 15.938 заразени и 14.143 лица кои ја совладале болеста. Бројката на активни носители на коронавирусот моментно изнесува 1.157. Вчера се извршени 509, а од почетокот на пандемијата 71.865 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Атина – Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 407 случаи на Ковид-19 , а од коронавирусот починаа уште четири лица. Бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 20.947 лица, а починаа 420 лица.

Никозија – Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19 од 2.095 направени тестови, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.876 лица.
Регистриран е уште еден смртен случај од Ковид-19.
Од почетокот на епидемијата, почина 31 лице позитивно на коронавирусот, а кај 24 од нив Ковид-19 бил причината за смртта.

Љубљана – Во изминатите 24 часа, во Словенија е забележан нов дневен рекорд за бројот на новоинфицирани со коронавирус, кој изнесува 356, според податоците на веб-страницата covid-19.sledilnik.org.
Вкупниот број на заразени сега го надмина бројот од 7.000 и изнесува 7.120, а во болниците има рекорден број пациенти – 122, објави СТА.
Денеска беа тестирани рекордни 3.998 лица.

Министерството за здравство вчера информираше дека во последните 24 часа се направени 1990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-182, Куманово-12, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-8, Велес-7, Битола-6, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-11, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-18, Валандово-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1 .


Видете следно

Вакцини против грип кон крајот на месецов, бесплатни за ризични групи, ќе има дополнителни вакцинални пунктови

Вакцините против сезонскиот грип се очекува да пристигнат кон крајот на месецов, по што веднаш …