Во Хрватска од денеска задолжителни Ковид-потврди за вработените во јавните и државните установи


Сертификатите за Ковид кои докажуваат дека некој е вакциниран, дека прележал од Ковид-19 или е негативен од денеска стануваат задолжителни во Хрватска за влез во јавни и државни институции.

Дигиталниот сертификат на ЕУ ќе треба да го презентираат сите вработени во јавниот и државниот сектор, како и оние во локалните власти, а за оние кои не биле вакцинирани или прележале Ковид, се воведува мерка задолжително тестирање за коронавирус.


Сертификациите за Ковид се воведуваат и во училиштата, но само за вработените.

Потврдите не се однесуваат на студенти во просториите на високообразовните установи, освен ако високообразовната установа не одлучи поинаку, ученици во училиштата и образовните установи, на возраст под 16 години. Вработените кои не прележале од Ковид или не биле вакцинирани ќе мора да се тестираат двапати неделно, така што се отворени повеќе од 6.500 места за тестирање, вклучително и во канцелариите за примарната здравствена заштита и аптеките. Одлуката за воведување задолжителни потврди за коронавирус за влез во јавните и државните институции е донесена во екот на четвртиот бран на пандемијата и нема ограничен рок, а издадена е и препорака до приватните работодавачи да спроведат слични мерки.


Воведувањето на задолжителните потврди беше закажано за вчера, но беше одложено за еден ден за во вторник сите заинтересирани да бидат тестирани и да имаат потврди за Ковид.

Новата мерка во борбата против пандемијата на коронавирус беше критикувана од опозицијата која ја оцени како поделба на граѓани од прв и втор ред. зш/


Загреб, 16 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

Марин: Членството на Финска во НАТО е многу неверојатно

Финска во блиска иднина нема планови да се приклучи кон НАТО, но е подготвена да …