Извор Фото: Mashable

Во Индонезија: Кој не носи маска ќе копа гробови!


Властите во индонезиската провинција Источна Јава воведуваат нестандардни санкции за луѓето кои одбиваат да ги почитуваат мерките против ширењето на КОВИД-19, според локалниот весник Џакарта Пост.

Осум жители на градот Грешик во Источна Јава беа принудени да копаат гробови затоа што не ставаа заштитни маски на јавни места.

Казната е изречена како форма на присилна социјална работа, а истовремено имала за цел да ги потсети прекршителите на последиците од нивните постапки, изјавија претставници на Грешик.

„Имаме само тројца гробари во моментот и решивме дека е соодветно да ги натераме овие луѓе да работат со нив“, рече локалниот гувернер, пренесуваат од „Џакарта пост“. Сепак, на прекршителите не им е дозволено да учествуваат сами во погребните обреди, како превентивна мерка против ширењето на коронавирусот.

Сепак, локалните власти се надеваат дека радикалните санкции ќе ги натераат прекршителите да размислат двапати и да не ги повторуваат своите грешки.

Во меѓувреме, бројот на нови инфекции во Индонезија продолжува да расте. Само во последните 24 часа се идентификувани 3.141 нов случај, или вкупно над 220.000.


Видете следно

Повеќе од 60 милиони Американци веќе гласаа на претседателските избори во САД

Повеќе од 60 милиони Американци веќе гласаа на претседателските избори во САД, а таквата рекордна …